Селекцијата на Исланд е првиот вистински тест за Македонската ракометна репрезентација на Светсткото првенство во Шпанија. Мечот се игра во “Палатата на спортовите“ во Севиља со почеток од 18:00 часот.

Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски по две одиграни рунди имаат две победи, но над послаби противници Чиле и Катар.

Исланд има една победа над Чиле и еден пораз од Русија на стартот од првенството. Затоа овој меч е од исклучително значење за двете селекции.

Македонија со победа над “рибарите“ сигурно обезбедува 1/8 финале, и високо место во групата додека Исланд за момент ќе ја поправи сликата која ја остави против Русија.

Мх.П.