“Трите лава“ кои во Јужна Африка допатуваа како едни од главните фаворите за освојување на златото, првиот тест ќе го имаат против “пријтателската“ селекција на САД. Многу работи по доаѓањето на италијанецот Фабио Капело на англиската клупа се сменаа, “Гордиот Албион“ имаше импресивна кампања низ квалификациите победувајќи на девет од десете натпревари, постигнувајќи 34 гола.

Ројал Бафокенг – Рустенбург
Дека не се дојдени само за прошетка за “јенките“ говори фактот што минатата година на купот на конфедарциите, ја елиминираа Шпанија и беа поразени во финалето со 3-2 од Бразил.
Фабио Капело нема да може да смета на услугите на капитенот Фердинанд кои се повреди непосредно пред стартот на мундијалот.
– Не смееме да ја прифатиме нивната игра, и не смеме да правиме прекшоци во опасната зона. Одбранта е нашето најјако оружје и не смееме да оставиме игра еден на еден, бидјеќи тогаш ќе следи казна – смета голманот Тум Хаувард кој ги брани боите на Евертон во Премиер лигата.
СП Група Ц : Англија ја повторува ` 66
СП : Фердинад се повреди на првиот тренинг
СП : Бразилските судии забрзано учат “валкан“ англиски









