Репрезентативецот на Србија Милан Јовановиќ по постигнувањето на водечкиот гол, кој на крајот се покажа како одлучувачки, сакаше радоста да ја подели со српските навивачи кои ги бодреа од трибините. Јовановиќ се затрча кон нив но наместо да скокне кон пуликата, тој падна во каналот кој го дели теренот и трибините, и самиот се изенади што заврши метaр и пол под нивото.


 – Не знаев дека има канал, среќно барем не се здобив со некоја повреда. – рече расположениот Јовановиќ.

Србија во последното коло игра против Австралија, победа ја води во елимациската фаза од натпреварувањето.

Видео СП : “Моќната“ Германија запрена од “орлите“

Ohridnews