Бранителот на титулата
светски првак , Италија новата светска капања на афричко тло ќе ја
започне против Парагвај, во натпревар кој треба да ја покаже силинита
на “аѕурите“ на Липи. Победникот од Германија се одлучи во составот за
ЈАР да вклучи само девет златни момци, а светските медиумине ја сврстуваат Италија во потесниот круг на фаворити.

Еден од носителите на
играта на Мундијалот, најдобриот фудбалер за 2006 година капитенот
Фабио Канаваро очекува одбранта да го одигра клучниот фактор на ова
првенство.
– Ние нема играчи како Кристијано Роналдо,Лео Меси или Вејн Руни и
неможеме да играме како Бразил, Шпанија или Португалија. Но кога
станува збор за одбраната ниту еден од нив не може да се токму со нас –
вели Фабио Канаваро.
– Ќе биде тешка битка посебно во средината на теренот. Ќе се обидеме
што подолго да ја држиме топката во наш посед и стрпливо да ја чекаме
нашата шанса. – рече играчот за врска Енрике Вера.









