Бледата игра на Англија во натпреварот со Алжир, англиските медиуми на нож ги дочекаа репрезентативците и селекторот Фабио Капело. Престижниот весник thesun.co.uk. ги критикуваше за незалагањето на фудбалерите а најгласни беа критиките кон селекторот и напаѓачот на лавовите Вејн Руни.

 

На “гордиот албион“ му треба победа во последното коло со Словенија за пласман во наредната фаза.


– Ова не е Англија што ја познавам. Во натпреварот со Алжир не го видов тимскиот дух кој владее во репрезентацијата. Ситуацијата во која се наоѓаме сега ме потсеќа кога седнав на кормилото на Англија. Видов страв во очите на фудбалерите пред почетокот на натпреварот. Мислам дека големиот притисок на Светското првенство, кој е мошне голем. Фудбалерите неможат да излезат на теренот и да одиграат максимално добро. Изјави селекторот на “гордиот албион“ Фабио Капело.



СП : “Стерилната“ Англија не го скрши отпорот на “пустинските лисици“

ohridnews