Селекторот на Англискиот национален состав, Фабио Капело не помислува да ја напушти клупата на “трите лава“ .


– Сакам да продолжам со Англија, им го пренесов тоа на челните луѓе на сојузот. Ми се допаѓа работата со репрезентацијата и покрај елиминацијата од Германија – вели Капело.

Претседателот на ФА, Ричардсон истакна како му се потребни минимум две недели да размислат и анализираат за досега сработеното.

– Ќе се сретнеме со Фабио Капело уште еднаш во Лондон, за да видиме како стојат работите. Сега сите сме разочарани и фрустирани и не треба да донесуваме избрзани одлуки – велат од ФА.

СП
: Германија ја расплака “колевката на фудбалот“

Ohridnews