Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски на премиерниот натпревар не пленија со сигурноста во играта, но што е најважно ги прокнижија првите бодови во групата Б.
Противникот на Македонија во второ коло, Катар во првата рунда претрпе убедлив пораз од европскиот првак Данска, кој беше и очекуван. Од селекцијата на Катар најавуваат дека токму против Македонија ја гледаат шансата за победа и подобар пласман во групата.
Како на мечот со Чиле, така и овој со Катар симпатизерите на ракометот во Охрид вториот натпревар на “фалангата“ на СП можат да го проследат во кафе бар “Кадмо“ во “црвено жолта“ атмосфера.