Германската машина за голови Мирослав Клосе повторно распука на Мундијалот. Погодокот на Клосе беше негов 11 – те на светските првенства и сега е за четири гола покус од најдобриот стрелец на светските првенства бразилецот Роналдо. Роналдо настапи на четири мундијали 1994 (како резерва), 1998 (4 гола гола), 2002 (8 гола), 2006 (3 гола)
За Мирослав Клосе ова е трет планетарен собир, на претходните два во 2002 и 2006 година по пет пати ги тресеше противничките мрежи.
– Нашата сила е колективот, лесно е да играш и да погодуваш кога во тимот имаш играчи како Подолски, Милер и Озил – истакна Клосе.
По Роналдо(15 гола) , на вечната листа на стрелци на Мундијалите следува германецот Гер Милер кој играјќи на две првенства постигнал 14 гола, додека трет е французинот Жил Фонтен со 13 погодоци и тоа сите на светскиот куп во 1958 година.
Видео СП : Покер голови во торбата на “кенгурите“
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com