Иако никој не и даваше ни најмали шанси сепак селекцијата на Костарика е прва која обезбеди пласман во елиминациската фаза од групата Д која се нарекуваше „групата на смртта“.

Противник во втората рунда им беше составот на Италија, кој по победата над Англија 2-1 ветуваше многу. Но, репрезентативците на Костарика не само срцето и душата ја оставија на теренот и запишаа минимален триумф 1-0 втор во групата, кој промовираше во осминафиналисти.
Со победата над Италија не само што ги однесоа „азурите“ на мегдан со Суарез и дружината него ја спакуваа и Англија која со Шпанија се најголемото разачарување на Мундијалот.
Апетите на Костарика во групната фаза можат да пораснат до таму во последниот натпревар од групата да атакуваат на првото место и да го „бираат“ противникот во 1/8 финалето.
Мх.П.











