Напаѓачот и херојот на “црните звезди“ во дуелот со Србија, Асамоа Гијан ја пофали играта на целата репрезентацијта во првиот натпревар од мундијалот. Гана до победата стигна откако сосема непотребно во казнетиот простор Кузмановиќ играше со рака, по што од пенал Гијан ја погоди целта.
– Сите сме среќни со остваранета победа во многу важен натпревар, со нас е среќна цела Африка. Знаевме како ќе игра Србија, очекувавме долги топки кон нивните напаѓачи, се поставивме добро тактички – рече стрелецот на победничкиот погодок Асамоа Гијан.
Србија по поразот и тоа како го усложни патот до пласман во нареданта фаза. После поразот од Гана на отварањето на мундијалот свое видување даде и капитенот на Србија, Немања Видиќ.
– Имавме свои шанси, но незнаевме да ги искористиме. Тие не казнија поради тоа. Сега ни преостанува да се фокусираме на наредните два натпревари. Топката? Сите зборуваат за неа. Тешка е и за напаѓачите и за дефанзивците – смета Немања Видиќ
Видео СП : Гијан ги скроти “белите орли“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com