Репрезентацијата на Холандија е првиот патник во полуфиналето на светското првенство во Јужна Африка. Портокалевите со пресврт го совладаа петкратниот првак Бразил со 2-1.
Играч на мечот – Снајдер
Се` се одвиваше според планот на Дунга, кога уште во 10 минута Робињо, ја затресе мрежата на Стекелнбург. Кариоките ја контролираа играата креираа шанси но не успеаа да стигнат до поубедлива предност.
За прв пат на шампионатот Холандија се најде во негатива по првиот дел, се разбудија “лалињата“ во вториот дел, а по центаршутот на Снајдер, Мело му посмета на Цезар и ја затресе сопствената мрежа. Токму тој момент се покажа одлучувачки во мечот.
Се разлетаа холанѓаните и по десетина минути благодарение на одличниот удар на Снајдер со глава стигнаа до нов погодок и водство од 2-1.
Нервозата во тие моменти ги обзеде “кариоките“, а притискот не го издржа Мело кој по прекршокот над Робен го “прегази“, по што одличниот јапонски судија му го покажа патот кон соблекувалната.
Во финишот на мечот бразилците и со играч помалку се обидоа да притиснат, но не успеаа да го избегнат поразот. Избраниците на Берт Ван Марвијк за влез во финалето ќе играат со подобриот од дуелот Ургувај – Гана.
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид во соработка со Планинската спасителната служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, на 03102026 година (сабота), го организираат традиционалното р...
Во рамки на 5-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота, 03 октомври, гостува во Скопје кај РК Вардар Очекувам тежок меч, двете екипи се во добра форма Вардар има добар тим, но ние имам...
Денеска во Охрид ќе се одржи првиот женски ракометен форум „Охрид 2026“ под мотото „One game One voice One future“ – Женски ракометни приказни за инспирација на новата генерација во организација на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.