Само четири минути ја делеа Холандија од реми против моќната Шпанија и обезбедување на пенали кои ќе го дадеа новиот светски првак. “Лалињата“ вината за поразот ја најдоа во англискиот судија Хауард Веб.
Непосредно пред примениот гол, по слободниот удар на Снајдер, топката од живиот ѕид се одби во корнер, но англичанецот не го забележа тоа. – Разочаран сум бидејќи не делеа четири минути од ремито. Бесен сум на судијата, сите на стадионот видоа дека во пресрет на акцијата за нивниот гол имаше чисти прекршок за нас кој тој не го виде – рече Ван Марвијк.
И покрај тоа што Веб ги толерираше “грубите“ стартови на играчите од средниот ред на Холандија, тие сметаат дека нивната екипа е оштетена.- Судијата беше тој кој во текот на целиот меч ја фаворизираше Шпанија и не ни даде шанса да се радуваме, Веб правеше се само ние да не го освоиме насловот – смета губитникот Кајт.
Ниту играчот кој имаше две колосални прилки, Арјен Робен не ги стедеше критиките наменети на судијата. – Во втората моја шанса, судијата требаше да досуди слободен удар и да му покаже втор жолт картон на Пујол. Тој ми даде предност, но јас не бев во можност да ја искористам, бидејќи голманот беше преблиску до мене. На светското првенство треба да судат најдобрите судии – коментираше Робен.
Англискиот судија Хауард Веб година пак имаше сезона за паметење, во мај го судеше финалето од Лигата на Шампиони, додека два месеци подоцна и финалето на Светскиот Куп.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com