Англиските репрезентативци лесно ја нашле утехата по срамниот пораз од Германија со 4-1 и елиминацијата од Светсткиот Куп. На фотографијата објавена на англискиот таблоид Сан, се гледа како фудбалерите во релаксирана атмосфера “кулираат“ пушејќи пури и пиејќи пиво.

Ваквиот однос ја разочара англиската публика која помина илјданици километри за да го бодри националниот состав.
– Многу од моите пријатели отаптуваа во Јужна Африка да ги гледаат овие “лузери“. Кога заврши мечот сите се прашувавме што се случи. По срамната игра очекувавме да покажат барем малку респект и жал за тоа што не разочараа. Но не, тие одлучија “поразот“ да го прослават со пиво и цигари. Ми се гади од нив, тие немаат чест.“ – коментираа разочараните англиски навивачи.

СП : Капело сакам да продолжам со Англија

СП : Германија ја расплака “колевката на фудбалот“

М.П.