Капитенот и предводникот на македонската репрезентација Кирил Лазаров според букмејкерите е најсериозен кандидат за освојувањето наградата најдобар стрелец на престојното Светско првенство во Шпанија.

Македонскиот бомбардер во Србија на Европското првенство ги обедини титулите за најдобар стрелец на ЕП и СП што досега било реткост во ракометот. Исто така Лазаров е сопственик на рекордот по најмногу голови постигнати на СП во Хрватска кога со 92 гола фуриозно стигна до најграда најдобар стрелец.

Рамо до рамо со македонскиот репрезентативец е хрватското крило Иван Чупиќ додека зад нив се наоѓаат Микел Хансен од Данска и Валрг Сигурдсон од Исланд.

Мх.П.