По поразот и во третиот натпревар на Мундијалот во Јужна Африка, селекторот на Камерун, Пол Ле Гуен најави дека ќе поднесе оставка.  Иако до дуелот со Холандија тој истакнуваше дека нема намера да се повлече сепак на крајот тој разочаран од неуспехот изјави дека е подготвен да си замине.


Ле Гуен е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на репрезентацијата на Австралија.

Од грчката фудбалска федерација и официјално потврдија дека нивниот селектор Рехагел си поднел оставка по слабиот пласман на Светското Првенство.  Нашите јужни соседи не изборија место во 1/8 финалето во групата Б, откако завршија зад Аргентина и Јужна Кореја, со само една победа во трите натпревари.


Германецот, Ото Рехагел си поднесе оставка и заминува како виновник за неуспехот, за време на неговиот деветгодишен мандат најсветла точка му беше освојувањето на ЕП во 2004 година, што е и убедливо најголем успех во грчкиот фудбал. Тој ја предводеше репрезентацијата и на ЕП 2008 и на актуелното светско првенство, кога и ги оствари првите поен за Грција на Мундијалите со победата од 2:1 против Нигерија.

Ohridnews