Франција со еден бод и еден постигнат погодок го заврши патишествието на Светското првенство во Јужна Африка. На катастрофалната престава на “триколорите“ кумуваше расколот во соблекувалната. Капак на сите проблеми за непопуларниот селектор Доменек беше кавгата со напаѓачот на Челзи, Николас Ањелка.
Новиот скандал кој го потресе француската и светската јавност е бунтот на репрезентативците кон селекторот. Лидери на таквиот чекор биле искусните “петли“ Вилијам Галас, Тиери Анри и Ерик Абидал.
Тоа остро го осуди генереланиот секретар на “триколорите“ Анри Монтел, кој изјави:
– За срамот кој го доживеа Франција на мундијалот заслужни се лидерите на оваа генерација. Тоа се Анри, Галас, Абидал и нивниот колега Ањелка. За нив завршува репрезентативната кариера во дресот на Франција.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com