По долгата и успешна сезона крилата од Металург, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски се фокусираат на задачите во репрезентацијата. Македонската селекција пред себе има двомеч со Грција за пласман на Светското првенство во Катар следната година.


– Ќе направиме се да се пласираме на завршницата од Светското првенство во Катар. Успешната сезона треба да биде мотив повеќе за сите нас да одиграме уште два феномелани натпревари и да ставиме точка. Верувам во сите ракометари и мислам дека имаме капацитет за големи дострели – истакна Манасков.
Во последните три години македонската ракометна репрезентација е дел од сите три големи натпреварувања, а на двомечот со Грција ќе го продолжуваат одличниот континуитет.
Фото : Емилио
Мх.П.












