Плавиот џемпер е победничката амајлија на селекторот Јоаким Лев на Мундијалот . Како што пренесува ројтерс, Лев најавил дека се додека неговиот тим победува,нема намера да го менува џемперот. Не само што непрестајно ќе го носи, туку нема ниту да го пере.


Селекторот на “Елфот“ вели дека не е суеверен но дека потклекнал на притисокот на играчите џемепрот да го носи на сите натпревари.

– Не верувам во такви работи, но моите соработнцити велат оти треба да ги носиме тие џемпери, тогаш постигуваме по четири гола. Дури не ми дадоа да го исперам за мечот со Шпанија, така што сигурно ќе го носам – вели Лев.

– Не знам уште колку вакви џемпери има, но се надевам дека има барем уште еден два – рече Швајнштајгер.

Ohridnews