“Ја превземам целата одговорност за неуспехот“ – рече Марчело Липи  по елиминацијата на Италија на Светскиот Куп.


Марчело Липи пред четири години во Германија ја одведе Италија на светскиот трон, додека во ЈАР не успеа да ја помине групата.

– Кога една екипа ќе одигра како нашата денес, проблемот е во тренерот кој не ја подготвил добро екипата. Имавме прекрасни но и лоши моменти. Очигледно не сум го подготвил психички доволно добро тимот – додаде разочараниот Липи.

Наследник на Липи на клупата на четирикратниот светски првак ќе биде Чезаре Прандели.

Видео
СП : Посрамотената Италија се враќа дома

Ohridnews