По бледата престава на пет кратниот првак во првиот натпревар од Групата Е и тесната победа од 2-1 над Северна Кореја, “кариоките“ во второто коло се “распукаа“ со сите можни сили по репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Фудбалерот на Севиља, Луис Фабијано постигна два погодоци, додека третиот гол беше дело на Елано. Вториот погодок на Луис Фабијано беше постигнат под чудни околности откако напаѓачот на “кариоките“ на два пати токпата ја запираше со рака, но главниот арбитар Стефан Ланоа не го санкционираше.

– Работев напорно и претходно, но голови не постигнував. На овој натпревар постигнав два погодоци и многу се опуштив. Топката ја допре мојата рака но тоа беше случајно, затоа мислам дека голот е регуларен. Немам поставено цел колку погодоци да постигнам на мундијалот, едноставно што појќе голови постигнам тоа е поубаво за сите.  изјави херојот на “кариоките“ Луис Фабијано.

Видео СП : Самбата не е` за “слонови“

ohridnews