Најпријатното изненадување на Мундијалот Чиле, вечерва (20.30 мин) ќе имат тешка задача против Бразил, кој е петкратен светски првак и апсолутен фаворит во денешниот јужноамерикански дуел што се игра на Елис Парк во Јоханесбург.
Сите погледи на чилеанците се свртени кон аргентинецот на нивната клупа Марсело Биелса, кој само ја потвдри констатацијта дека “кариоките“ се асполутни фаворити.
Во составот на Бразил се враќа триото Кака, Робињо и Елано кои го пропуштија мечот против Португалија Со 1.647 додвања избраниците на Дунга имаат најмногу прецизни додавања на завршницата од СП.
– Тој може да биде нашата острица. Со дриблинзите може да ја направи разликата кога мечот е тврд и неизвесен – вели Дунга.
Победниокот од овај дуел во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Холандија – Словчка.









