Со четири голови (12-8) позитива во корист на „црвено жолтите“ заврши првото полувреме од воведниот натпревар од втората рунда во групата Б помеѓу Македонија – Бахреин.

Избраниците на Раул Гонзалес добро го отворија мечот и после десет минути игра поведоа со 6-2. Но потоа следуваше пад во фазата на напад, а противниците максимално го искористија и со 5-0 серија стигнаа до 7-6.

„Црвено жолтите“ се „разбудија“ и во последните десеттина минути ги донесоа работите во ред и на одмор заминаа со плус четири (12-8).

OhridNews