Македонската ракометна репрезентација, денеска, со почеток во 18 часот, против домаќинот на Мундијалот, селекцијата на Египет ќе го одигра вториот меч во фазата по групи.

Средбата со „фараоните“, за „црвено жолтите“ ќе биде шанса за поправен, после лошиот настап против Шведска на премиерата и нова можност за прв позитивен резултат, во дуелите со афричката селекција.

Египет е во залет и во блага предност, затоа што Мундијалот го започна со победа, за разлика од Македонија, која изгуби од Шведска.

Правдата во дербито од Г групата ќе ја делат сестрите близначки од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура.

Во преостанатиот меч од групата Г силите ќе ги одмерат Чиле – Шведска. Тој натпревар започнува во 20:30 часот.

OhridNews

 

СП: Денес на програмата