Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години натпреварите од Светското првенство нема да ги игра во Охрид туку Струмица.

Македонските репрезентативки во групата Ц се наоѓаат уште со Данска, Романија, Узбекистан, Германиј и Аргентина.
Во „Билјанини Извори“ ќе се играат мечеви од две групи и тоа Б и Д додека натпреварите од групата А ќе се одвиваат во Скопје.
Светското првенство ќе започне на 20 јули, а ќе трае до 3 август.
Групите :
Група А : Шведска, Кореа, Казахстан, Бразил, Тунис, Холандија
Група Б : Русија, Норвешка, Јапонија, Унгарија, Парагвај, Конго.
Група Ц : Данска, Романија, Македонија, Узбекистан, Германија, Аргентина.
Група Д : Португалија, Црна Гора, Хрватска, Ангола, Кина, Франција.
Мх.П.











