Селекцијата на Македонија го претрпе вториот пораз во Б групата на Мундијалот во Франција, откако во четвртата рунда изгуби од Шпанија 29-25 (14-14).
„Црвено жолтите“ иако изгубија не се посрамотија против една од селекциите која се вбројува меѓу фаворитите за медал во Франција.
Македонија одигра прво полувреме за паметење, во кое имаше негатива од три голови (8-5) и позитива (14-11) за на крај да биде егал 14-14.
Шпанците во вториот дел го кренаа нивото на игра во одбраната, Македонија грешеше во нападот и дозволи лесни голови во својата мрежа.
„Црвената фурија“ со триумфот го запиша осмиот бод во Б групата и се искачи на врвот, додека Македонија против Исланд ќе се бори за третата позиција на табелата.
OhridNews