Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Чиле 30-28 (12-10) го започна Светското првенство во Шпанија.


Летаргичниот почеток на македонските репрезентивци и тактичките замисли на селекторот Шундовски им овозможи на противниците од Чиле да постигнуваат лесни голови. Чилеанците во 12-та минута имаа предност од +3 (7-4), по која македонските репрезентативци заиграа по ангажирано особено во одбраната.

По влегувањето на “првата постава“ во игра Македонија доби нова и поопасна разноврсност во нападот и одбраната. Во 20-та минута со погодокот на Миркуловски, “фалангата“ стигна до 8-8, а веднаш потоа Стоилов погодоци за предност од 9-8. До крајот на првиот дел македонската селекција постина уште три погодоци, Чиле два и на одмор “фалангата“ замина со два погодоци позитива.


На почетокот на вториот дел македонската селекција драстично ги намали грешките во одбраната и нападот и во 35-та мунута со серијата голови на Манасков и Лазаров стигнаа до највисоката предност +6 (18-12).

Тогаш во македонската селекција следуваше недопустливо опуштање кое чилеанците го казнуваа и за краток период стигнаа до негатива -1 (23-22).


Кога се кршеше резултатот повторно на сцена стапија крилото Манасков, капитенот Лазаров, Мојсоски и пикерот Стоилов кои подпомогнати од голманот Митрески ја погодуваа мрежата на селекцијата на Чиле и ги обезбедија првите бодови во групата.

Најефикасен во македонската селекција беше капитенот Лазаров со осум голови, крилото Манасков постигна шест погодоци сите во вториот дел додека голманите Митрески и Ристески искомбинираа  девет одбрани.

Наредниот натпревар Македонија го игра в недела против селекцијата на Катар во 18:00 часот.

Мх.П.