Македонската фудбалска репрезентација забележа нова победа во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија совладувајќи ја селекцијата на Израел со минимални 1-0 во Хаифа.
„Црвено жолтите“ со победата им се реваншираа на израелците кои се извлекоја во Скопје и врзаа два позитивни резултати на гостински терен.
Стрелец на погодокот вреден победа и три бодови беше капитенот Горан Пандев. „Гранде Пандев“ во вистинско време го прекина голгетерскиот пост во квалификациите и донесе среќа за нашата фудбалска селекција.
Победата над Израел ќе биде одлична најава за дуелот со Албанија кој ќе се одигра во Струмица во вторник на 5 септември.
OhridNews