Во досегашната историја Македонија и Германија се среќавале два пати и на двата натпревари триумфираше селекцијата на “панцирите“.
Првиот натпревар репрезентациите го одиграа на Светското првенство во Хрватска, тогаш германции се радуваа на победата. Две години подоцна на Европското првенство во Србија, Германија повторно славеше, но овој пат со минимални 25-24.
Третиот меч помеѓу овие две репрезентации е закажан за в недела во 15:45 часот во 1/8 финалето од ракометниот мундијал во Шпанија.