Македонската ракометната репрезентација ја освои третата позиција во Б групата и во осминафиналето ќе се сретне со Норвешка која финишираше на втората позиција во А групата.


Третото место „црвено жолтите“ го осигураа со ремито против Исланд 27-27 (13-15) во последната петта рунда од Б групата.

Македонија на крилата од голманот Кирил Колев одлично го започна натпреварот и поведе со 4-0. Но, само за две минути Исланд ја анулираше предноста и го презеде водството (5-4).


Од тој момент па се до крајот на првото полувреме Исланд водеше и на одмор замина со плус два (15-13).

На стартот од вториот дел исланѓаните со серија 5-2 дојдоа до највисоката предноста од пет погодоци на натпреварот (20-15).


„Црвено жолтите“ на седум минути од крајот на мечот дојдоа на минус еден и напад кој го реализираа за (25-25).

До финишот двете селекции постигнаа по два голови, а херој во последниот напад беше Кири Колев кој го скроти ударот на Карасон.

Исланд во 1/8 финалето ќе се сретне со Франција, додека преостанатите две двојки ќе се комплетираат по одигрување на мечот Шпанија – Словенија.

OhridNews