Селекцијата на Македонија со пласманот во 1/8 финалето го повтори учинокот од претходните два Мундијали, а пречка за скалило погоре да се искачи во Франција е репрезентацијата на Норвешка. 


Норвежаните во А групата завршија на втората позиција претрпувајќи пораз само од домаќинот и фаворитот за медал, Франција, со што доволно говори за нивниот квалитет. 

– Ние ќе си го играме нашиот стил, бидејќи ако влезиме ние во нивниот тоа ќе биде погубно за нас. Никако не се предаваме предвреме затоа што тоа не е наша одлика на овој Мундијал. – рече Лино Червар. 


Македонија на мечот со Норвешка ќе настапи со Филип Миркуловски, но без Дејан Манасков кој се повреди на дуелот со Исланд. 

Осминафиналниот меч започнува во 16 часот. 

OhridNews