Селекторот на Македонија, Лино Червар нема ништо да менува во ростерот на играчи за натпреварот со Ангола кој се игра вечерва (20:45ч) во рамките од втората рунда во Б групата на Мундијалот во Франција.
На голот како и на мечот со Тунис ќе бранат Кирил Колев и Благојче Трајкоски кој имаше клучни одбрани во премиерниот триумф на Македонија, додека Никола Митрески ќе почека за настап на СП. Друштво на Митрески на трибините ќе му прават Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски.
Македонија одигра фантастиечн натпревар со Тунис, па затоа хрватскиот стратег на клупата од Македонија се одлучи да не менува и со истата постава да и се спротистави на Ангола.
OhridNews