Македонската младинска репрезентација ги прокнижи првите бодови во групата Ц победувајќи ја Русија со пресврт во второто полувреме 29-22 (10-11).
Избраниците на Илија Темелковски одиграа второ полувреме за паметење во кое не само што ја анулираа минималната негатива, туку и им одржаа лекција на русите.
Првото полувреме помина во грч, особено во нападот, а и одбраната не беше на некое високо ниво. Во вториот период се` се промени и јуниорите делуваа како „машини“.
Русите немаа одговор за разиграниот напад на „црвено жолтите“ кои го стегнаа и обрачот пред голот. Таквиот развој на настаните им донесе водство што на крајот го преточија во триумф (29-22).
Во втората рунда нашите репрезентативци ќе се сретнат со Буркина Фасо. Победа и на тој меч гарантира место во нокаут фазата.
OhridNews