Македонското семејство Јосиф и Јулија Мирчески кои четири години живеат во Севиља креираа веб сајт “www.osvoijasevilja.com“ за да им помогнат на навивачите кои ќе дојдат да ја бодрат ракометната репрезентација на мундијалот во Шпанија.


Тие со креирање на интернет страната ќе им овозможат полесен пристап на сите македонци до храна, сместување и полесен транспорт до сите посакувани места во Севиља.

Помошта и несекојдневниот потег на Јосиф и Јулија Мирчески е доказ дека македонската спортска нација живее за возбудувањата и натпреварите на ракометната репрезентација. 

Мх.П.