По специјален од специјалниот. Диего Армандо Марадона ќе разговара со Жозе Мурињо , за да се консултира околу неколку спорни тактички прашања. Аргентина во првата рунда по трите кола извојува три победи.


– Од тренерите најмногу ми се допаѓа Мурињо. На нашата прва средба разговаравме за многу работи, а најмногу за фудбалот, за тактичките формации во напад и во одбрана. Тој е супер тип и нашиот развор беше лежерен. На крајот ми рече кога и да сакаш слободно побарај ме. Јас го имам неговиот број, се уште размислувам, можеби ќе го побарам деновиве – рече неповторливиот Марадона.

Аргентина во осминафиналето на Светскиот Куп в недела од 20.30 часот ќе игра против Мексико.