Диего Армандо Марадони им порача на своите фудбалери да го почуствуваат вкусот на победата, откако “гаучосите“ ја победија Нигерија со 1-0 на вовдениот натпревар од Мундијалот. Играта и пасијата на Меси кон фудбалот, Ил Пибе ја објасна како љубовта на детето кон чоколадото.
Меси беше многу блиску до погодок, но одличните интервенции на играчот на мечот Винсент Енјеама, не дозволија тој да се радува на погодок. Но она што е најважно потенцираше Марадона се бодовите кои одат на аргентиското конто.
– Моите играчи мора да го почуствуваат вкусот на победата, кога еднаш ќе ги зафати тогаш кај нив ќе се јави глад, желба која подоцна ќе ни донесе уште победи – рече контраверзниот Диего Армандо Марадона.
Швеѓанецот на клупата на Нигерија, Ларс Лагербек, беше задоволен од преставата, но падот на концетрацијата го чинеше пораз.
– Поздаспавме на еден корнер и тоа беше крај на приказната. Разочаран сум од резултатот но горд сум на начинот на кој се преставивме на старот на првенството – истакна Лагербак.
Видео СП : Еден гол, три бода за “гаучосите“
Видео СП : Јужнокорејска лекција за Грција










