Репрезентација на Аргентина со бод ќе го осигура првото место во Б групата, но светсткиот првак од 1986 г. сега тренер на “гаучосите“ сака со третата победа во серија да испрати јасна порака дека се дојдени во ЈАР да го освојат Мундијалот.


Сите репрезентации во оваа Б група имаат теоретски шанси за пласман во наредната фаза. Дуелите Аргентина – Грција и Нигерија – Јужна Кореа се играат со почеток во 20.30 часот.

– Аргентина е тимот кој ќе оди понатаму, имаме класа фудбалери и ќе нападнем да ја покажаме нашата моќ – вели Карлос Тевез.

На нашиот јужен сосед ќе му треба и помош од Нигерија освен ако не направи чудо и ја совлада Аргентина со барем три гола разлика. Со тесна победа или, реми на Грција против Аргентина, европскиот првак од 2004 ќе треба да се моли Јужна Кореја да загуби од Нигерија.


Нигерија првенството го почна со два порази, но ако победи против
Кореја, има реална шанса да оди понатаму (ќе и’ треба победа на
Аргентина). На Кореја доволно ќе и’ биде и нерешено, но само во случај
Аргентина да остане непоразена против Грците.

Видео СП : Хет – трик на Игуаин за убедлив триумф на Аргентина

Ohridnews