Мексико посакува одмазда за елиминацијата на СП во Германија 2006 година, кога токму во оваа рунда беа испратени дома од Аргентиците откако со 2-1 беа поразени во продолженијата.
Тогаш за Мексико погоди Рафаел Маркес уште во шестата минута, Креспи изедначи на 1-1, а конечните 2-1 ги постави Макси Родригез во 96 минута.
на тоа да го промениме менталитетот. Се обидуваме да размислуваме како
победници, а не како нација која секогаш паѓала на првиот поголем испит –
наведе искусниот дефанзивец Маркес, кој и на овој турнир се запиша во
листата на стрелците, израмнувајќи на 1-1 против Јужна Африка.
На општо изненадување Диего Армандо Марадона, одлично се снајде на тренерската клупа и по три натпревари извојува три победи со гол разлика 7-2.
прашуваат каде ќе го поставам Лионел Меси да игра. Дали ќе ја погодам
најповолната позиција за него. Меѓутоа ниту еден фудбалер на овој
Мундијал не може да направи ниту 30 проценти од она што го може Лео, па
јас само ќе му ја дадам топката, а тој нека игра како знае и умее. Со
потполна слобода, тој е најдобар – наведе легендата на аргентинскиот и
светскиот фудбал.
Натпреварот се игра во 20.30 минути, а ќе го води италијанецот Роберто Росети. Победникот од овај дуел во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот Германија – Англија.
Ohridnews










