Италија и Франција непријатно го изненадиле, додека како и сите други го импресионал Бразил. Македонија мора да почне да размислува за позитивни резултати од квалификациите, а најавите од селекторот дека ќе играат само најподготвените не го секираат многу слободниот агент Митрески , кој во Охрид тренира заедно со македонскиот преставник во Лигата Европа , Металруг.
– Големите натпреварувања се турнири и тренерите тактизираат на ваквите натпревари, доста затворено се игра на овај куп, сметам дека времето во Африка им прави доста проблеми на европските екипи кои доста тешко се привикнуваат временските услови. Доста е израмнето и во сите групи сите репрезентации имаат шанси да одат поанатаму. Очекувам кога ќе стигнат елиминациите да биде далеку по интересно и да се игра да се даде гол повеќе – истакна Митрески
Нашиот противник во наредниот квалификациски циклус репрезентацијата на Словчака не се престави во добро издание, што пак ги подгрева надежите на репрезентативците и македоснката јавност деке може Македонија преку квалификациите да биде дел од ЕП 2012 година.
– Македонија не само против Словачка, туку и против другите репрезентации може да игра добар фудбал , ние на пријателските натпревари покажавме дека може да се носиме со сите селекции и време е да почнеме да играме на резултат. Секој бод кој ќе успееме да го донесеме од гости ќе биде огромен, додека нормално дома ќе атакуваме на победа. Ова СП покажа дека разликата меѓу големите и малите репрезентации се намалува. Гледаме дека аматерите од Нов Зеланд и Северна Кореја им парираа на една Италија и Бразил – смета Митрески
Селекторот Јонуз најави дека нема да смета на оние репрезентативци кои немаат ангажман, Митрески кој моментално е слободен играч, не е загрижен од тие најави бидејќи очекува во најбрз можен рок да го реши ова прашање.
– Имав понуда од Динамо Букурешт која ја одбив на неколку дена, во преговори сум со клубови од Германија и Белгија и едноставно не се тревожам на таа тема, јас сум професионалец и му кажав на селекторот Јонуз до колку немам клуб јас сам ќе се откажам од репрезентативните настапи. Нормално е во овај модерен фудбал неподоготвен играч тешко ќе може да го издржи високиот ритам и темпото на игра – вели Митревски кој за Македонија одигра 62 натпревар, постигнувајќи еден гол.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com