Репрезентацијата на Србија ќе има тешка задача да остане во игра за едно од местата кои водат во елиминациската фаза. “Орлите“ за противник го имаат трикратниот светски првак Германија, една од селекциите кои се покажа во најдобро светло во првиот круг од натпреварувањето.


„Панцирите“ на стартот со 4-0 ја победија Австралија, додека избраниците на Антиќ прептреа разочарувачки пораз од Гана со 1-0.

– Ќе играме против селекцијата која по првото коло покажа најдобар фудбал според мене. Германците ме импресионираа. Сега ние треба против нив да покажеме што знаеме. Ова е историски меч за нас – вели селекторот на Србија, Радомир Антиќ.


За разлика од Србија, Германија со триумф над „белите орли“ ќе си го обезбедат местото во нокаут фазата уште пред да се одигра третото коло. И покрај оптимизмот, во редовите на фаворитот владее претпазливост.

– За Србија ова е последна шанса ако сакаат да останат во игра на првенството. Затоа ние мора да бидеме многу претпазливи. Противникот има играчи кои настапуваат во врвни европски екипи. Ние мора да покажеме дека мечот против Австралија не бил случаен – вели помошник-селекторот на Германија, Ханси Флик.

Во останатиот натпревар во оваа група утре ќе играат Австралија и Гана.

СП : Клосе го напаѓа рекордот на Роналдо

СП : Кузмановиќ ја израдува Африка

Видео СП : Покер голови во торбата на “кенгурите“

Видео СП : Гијан ги скроти “белите орли“

Ohridnews