Португалскиот играчот за врска, Луиш Нани денеска и официјално и се приклучи на листата на играчи кои ќе го пропуштат Светското првенство во фудбал поради повреда.


Фудбалската федерација на Португалија денеска соопшти дека по деталните лекарски прегледи станало јасно дека играчот на Манчестер Јунајтед нема да биде во состојба да и помогне на својата репрезентација.

Нани се здоби со повреда во петокот на тренинг во Лисабон, пред репрезентацијата да замине за Јужна Африка. На местото на Нани во репрезентацијата на Португалија ќе би приклучен играчот на Бенфика Рубен Аморим.