Делегатот ден пред квалификацискиот натпревар меѓу Лихтештајн и Македонија кој ќе се одигра на 24-ти март во Вадуз ќе одлучи дали ќе може Стефан Спировски да настапи со имобилизатор на шаката кој мора да го носи поради повредата на десната дланка.
Фудбалерот од средниот ред на Вардар има фрактура на базата на палецот од десната шака и поради тоа мора да носи ортоза (имобилизатор) во наредниот период, пред се заради превенција од наредна повреда. Лекарскиот тим во македонската репрезентација вели дека се работи за скршеница за која се очекува дека во период од три месеци ќе зарасне без компликации.
Иако се очекува делегатот на натпреварот во Вадуз да даде дозвола за негов настап на пресметката во петок, сепак селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски одлучи да го вклучи во тимот и Остоја Стјепановиќ од полски Вроцлав. Стјепановиќ ќе му се придружи на репрезентативниот состав и ќе биде во комбинација за настап против Лихтенштајн.
OhridNews