Селекциите на Англија и Белгија со натпреварот за бронзениот медал кој на програмата е денеска со почеток во 16 часот ќе ги најават последните збиднувања на Мундијалот во Русија. Дуелот за третото место на светските првенства има пред знак за утешен, бидејќи играат селекциите на кои им недостасувал еден чекор до финалето и борба за вечноста.

„Гордиот албион“ и „црвените ѓаволи“ силите еднаш ги одмерија во фазата по групи и белгијците минално славеа (1-0) со голот на Аднан Јанузај.

  • Очекувам ист натпревар како претходно. Мора да бидеме концетрирани и да се бориме со нивната 3 5 2 формација. Мислам дека нема да има изненадувања во составите и со најдобрите играчи ќе се судриме. Победата ја посакуваме и многу ќе биде важна, затоа што после турнирот ќе ве држи убавото чуство ако триумфирате на последниот меч во кој се борите за медал. – рече селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Англичаните, ќе мораат да смогнат сили и да истрчаат на теренот во Санкт Петербург кој ќе даде носителот на бронзениот медал.

  • Мораме поради самите себеси и поради навивачите да одиграме добар натпревар и дадеме се од себе. Имавме добар турнир, една победа не делеше од финале, но ние веќе ги добивме навивачите, кои, ја имаа изгубено довербата во националниот состав. – потенцираше Герет Саутгејт, селекторот на Англија.

Мечот за третото место се игра денеска со почеток во 16 часот, а утрешното финале помеѓу Франција – Хрватска во 17 часот во Москва.

OhridNews