По цели 16 години , Диего Армандо Марадона се враќа на сцената на светските првенства. Иронично последниот натпревар на Марадона беше против Нигерија во групата на СП 1994, додека првиот натпревар како тренер на Мундијалот ќе му биде повторно против репрезентација на Нигерија.


Африканците пак сакаат да се реваншираат за поразот во финалето од Олимписките игри во Пекинг од Аргенитна, во чиј состав ќе има голем дел од играчите кои го освоија златото. “Супер Орлите“ голема надеж полагаат во Шведскиот тренер Ларс Лагербек, кој 2002 година со Шведска ја елиминираше Аргентина.

– Нигерија е психички стабилна селекција способна да ни направи проблеми во нападот, но мислам дека не се така добро оргазнизирани во одбраната. Тука е нашата шанса – истакна Ел Пибе.

 – Меси е одличен фудбалер и ние имаме голема почит према него. Но ние не размислуваме само за Меси , него за тоа како да ја победиме Аргентина – вели напаѓачот Јакубу.

Натпреварот Аргентина – Нигерија се игра во 16 часот, а ќе го води германецот Волфган Старк.

СП Група Б : Старите познаници ќе се сретнат повторно

Ohridnews