Македонската ракометна репрезентација не успеа да обезбеди историски пласман меѓу најдобрите осум репрезентации во светот, откако претрпе пораз од Норвешка 34-24 (12-10) во осминафиналето.
„Црвено жолтите“ одлично им парираа на норвежаните во првиот дел иако го загубија со (12-10). Одбраната беше на ниво, додека потрфли нападот кој имаше неколку нереализирани чисти ситуации за погодок.
На стартот од вториот дел ракометарите на Норвешка со брзи и лесни голови стигна се одлепија на пет голови (16-11) и го „скршија“ отпорот на Македонија.
И покрај предноста Норвешка не застана, со исти стил продолжи да ја полни мрежата на Македонија за убедлива победа 34-24.
Пулените на Лино Червар пласирајќи се во осминафиналето го повторија најдобриот успех, но не направија уште еден исчекор.
OhridNews