Германија – Англија е најпривлечниот натпревар од осминафиналните пресметки на Мундијалот во ЈАР. И двете селекции последните тренинзи ги поминаа вежбајќи удари од белата точка.
Германија беше подобра во пенал-серијата од Англија во полуфиналињата на Светското првенство 1990 и на Европското првенство 1996. Англија на ист начин испаднаа од СП 1998, СП 2006 и ЕП 2004.
– Подготвени сме за пенали, кои повеќе ќе ни одговараат нам. Ние сме психолошки подготвени за таа фаза, додека Англија секогаш губи кога ќе дојде време за нивно изведување и низ историјата им се создаде голем комплекс – истакна капитенот на Германија, Филип Лам.
Италијанецот на клупата на Англија, Фабио Капело не остава ништо на случајот па ги избрал и петмината кои ќе пуцаат доколку има потреба.
– Ако сакаме да го освоиме шампионатот ќе мора да победуваме кој и да ни застане на патот. Не е важно дали е тоа некој дебитант или трикратен светски првак како Германија. Нас не не интересираат такви шеми – вели Капело.
Селекторот Јоаким Лев и ја препушти улогата на фаворит на Англија.
– Ние создаваме една млада генерација, додека за противникот играат искусни и етаблирани ѕвезди од силната Премиерлига. Таму има постари играчи како Френк Лампард, Стивен Џерард и Џон Тери, кои чувствуваат дека ова им е последна шанса да освојат едно Светско првенство и затоа ќе дадат се од себе за да победат. Покрај тоа, тие во нападот ја имаат суперѕвездата Вејн Руни, кој нема дадено гол на овој турнир, но тој е голгетер кој се истакнува на големите натпревари – објасни Лев.
Натпреврот се игра во 16 часот, а ќе го води уругвајскиот арбитар Хоре Иларионда.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com