Македонската ракометна репрезентација подготовките за престојниот бараж натпревар со Грција за Мундијалот во Катар 2015 година ќе ги одработи во Охрид.

Поради учество на завршниот турнир од Лигата на Шампиони капитенот на „фалангата“ Кирил Лазаров на соиграчите ќе им се приклучи подоцна.
Во Охрид подготовките ќе траат до шести јуни, а првиот натпревар ракометарите го играат на седми во Атина додека на петнаесетти во Скопје.
Мх.П.











