Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски во групата Б се наоѓаат со стариот должник Данска, Русија, Исланд, Катар и Чиле. Токму против јужноамериканците Македонија го започнува мундијалскиот сон.
“Палатата на спортовите“ ќе биде место каде сонот на целата спортска јавност треба да стане јаве. Салата е изградена во 1988 година е пред десетина години целосно е реновирана и има капацитет од 9 500 седишта.
Македонската фаланга нема да биде многубројна како што беше случај на Европското првенство во Србија, но за очекување е да на секој меч има над 500 навивачи кои ќе ги бодрат македонските репрезентативци.