Лионел Меси, предводникот на аргентинската репрезентација на Светското фудбалско првенство, сé уште чека на својот прв гол на натпреварот, но задоволството може да го пронајде во лесниот премин на неговиот тим во осминафиналето. Инспирација, меѓу останатото наоѓа во музиката и тоа најмногу во британската рок-група „Оејзис“.


– Додека летавме кон Јужноафриканската Република, Карлос Тевез ми ги даде нивните први два албуми и тогаш првпат ги слушав. Се воодушевив и оттогаш не се одвоив од нив. Воопшто не очекував дека ќе ми се допадне нивната музика, но веројатно тоа е нешто најдобро што некогаш сум го слушал. Апсолутно фантастично – изјави Меси и дополни дека еднаш го прашал Карлос да го информира кога ќе имаат концерт некаде во Англија, да дојде кај него и да бидат на местото на настанот. За жал, тој му одговорил групата се распаднала – вели Лео Меси.

Тевез, инаку е член на Манчестер Сити, клуб чии едни од најпознатите навивачи се токму браќата Галагер, основачите на „Оејзис“.

Ohridnews