Сите во македонската репрезентација го потенцираа мечот со Чиле за исклучително важен. Тоа и се потврди, Македонија победи но играта беше далеку од посакуваното ниво. Пред вториот натпревар на мундијалот репрезентативците се оптимисти и веруваат дека ја поправат сликата која ја оставија на првиот меч.

– Напоменав и претходно првите натпревари на Светсткото првенство се со исклучително значење за нашата репрезентација. Не игравме најдобро против Чиле, но победивме, а пред нас е нов предизвик, кој ќе го прифатиме и ќе покажиме дека сме голема репрезентација – истакна капитенот на репрезентацијата, Лазаров.

По слабото прво полувреме, левото крило Дејан Манасков распука во вториот дел на мечот против Чиле постигнувајќи шест погодоци.

– Така треба да продолжиме, мора да создаваме чисти шанси за да постигнуваме лесни голови. Квалитетот е наша страна, а нам ни преостанува тоа да го потврдиме на теренот – посочи Манасков.

Мх.П.