Домаќините се во шок и неверување што им се случи на синоќеншниот натпревар против Уругвај кој го загубија со 3-0 и значително си ги намалија шансите за пласман во наредната фаза. Брзилецот на клупата на ЈАР, Карлос Алберто Пареира си најде виновник за поразот во го главниот судија Масимо Бусака.
– Многу сме разочарани од судењето. Судијата направи многу грешки, покажа жолти картони во ситуации во кои фаулите и не беа груби, според мене тој е најслабиот судија на светското првенство. Искрено се надевам дека на Бусака повеќе нема да му се даде шанса да суди на друг натпревар, според мене неговото место не е тука – смета Пареира.
На сите ние жал и сме разочарани но првенството не е сеуште завршено, во последното коло се е` можно смета Параеира. Во последното коло “бафана – бафана“ ќе игра против Франција, додека Ургувај ќе игра против Мексико.
Видео СП : Форлан го фрли на плеќи домаќинот
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com